Хорхе Масвидал го пофали Сoл Алварез – Канело по победата над Авни Јилдирим викендов и призна дека сонува еден ден да се соочи со него во рингот.
Тие демонстрираа блиски односи по мечот, бидејќи „Гејмбред“ ја интервјуираше боксерската ѕвезда, а малку подоцна посакаа да го запозне еден ден меѓу јажињата.
Pretty cool seeing Jorge Masvidal interviewing Canelo after his win tonight (🎥 @Abraham_kawa) pic.twitter.com/cBgJe7jEOH
— Ariel Helwani (@arielhelwani) February 28, 2021
„Го сакам она што го видов – огромната разлика помеѓу №1 и сите други. Навистина, Канело е на врвот на ранг-листѕата „паунд фор паунд“. Неговите напади се целосно лудило, неговата одбрана изгледа одлично. А како само ги наоѓаше вистинските моменти и дистанцата! Очекував да го уништи, но не очекував дека разликата ќе биде толку голема“, прокоментира Масвидал и додаде дека не гледа кој може да го предизвика во супер средна категорија.
На прашањето дали ќе се обиде против Мексиканецот, Гејмбред рече дека боксот е неговата прва голема љубов и порано или подоцна ќе направи транзиција кон него.
„Едноставно, тогаш го забележавме. Мојата прва љубов е боксот и до ден-денес го обожавам. Шампион во ММА може да замине во бокс и да предизвика шампион. За мене, ова е повеќе од сон, тоа ќе биде одлична работа“.