Хорхе Масвидал кој е во војна со УФЦ поради договорите, се пофали со ново видео на Јутјуб, покажувајќи ги спектакуларните удари со нозе кои го донесоа на врвот во 2019.
Поради по конфликтот со УФЦ се уште нема закажано меч за 2020 година откако го нокаутира Нејт Дијаз на УФЦ 244.
Во обид да го задржи интересот на својата публика, тој постојано ги известува фановите за конфронтацијата со УФЦ, а во видеото од две и пол минути покажува колку навистина е моќен со ударите со нозе, со кои ги победи Дијаз, Дарен Тил и Доналд Цероне.