Најлошото копиле во ММА е подготвен да се врати во лесна категорија, но сака за тоа многу добро да му платат. Во моментов цел му е титулата во полусредна категорија, но дефинитивно е отворен за какви било предлози. 35-годишниот ветеран се натпреваруваше во лесна категорија и со судиска одлука забележа 5 победи и 2 порази, а потоа помина во погорната категорија. Хорхе успеа да забележи 4 победи и 4 порази во средна категорија и две години не се бореше.
На почетокот на минатата година се врати и го нокаутира Дарен Тил, а потоа и Бен Аскрен за само 5 секунди. На крајот на годината, Масвидал го победи Нејт Дијаз и го освои специјалниот појас за „најлошото копиле“. Сега е попознат од кога и да било и вели дека е подготвен да се врати во лесна категорија.
„Парите ќе треба да зборуваат ако одам да се борам против Хабиб во лесна категорија. Симнувањето во лесна категорија е голема битка со килограмите. Лесната категорија е многу различна од полусредна категорија. Пијам многу вода и тоа не ме остава во најдобра форма ноќта пред мечот. Во средна категорија можам повеќе да избувнувам отколку во лесна.
Сепак, тоа не значи дека не можам повторно да се борам во лесна категорија и дека не можам да победам таму. Ќе треба да ми дадат многу пари за да влезам во лесна категорија и таму да се борам со некого. Подготвен сум да го сторам тоа, бидејќи никогаш не сум бил во можност да добијам шанса во лесна категорија. Победив многу врвни борци пред да дојдам во лесна категорија на УФЦ. Дури и не ми дадоа шанса да се борам со топ 10 борец во категоријата. Не е важно, бидејќи ако ми дадат пари, тогаш брзо ќе одам во лесна категорија и ќе покажам колку вредам“, рече во инревју Масвидал.