Масовна тепачка ја загреа борбата Спеда-Варгас (ВИДЕО)

Масовна тепачка изби на последната соочување пред борбата меѓу Хозе Сепеда (34-2) и Хозе Варгас (19-1). Тие ќе се борат на гала вечерта во Медисон сквер гарден во Њујорк, која ќе се одржи на 31 октомври рано наутро.

Сепак, битката во суперлесна категорија започна уште пред боксерите да ги стават ракавиците. Тензиите меѓу двајцата се зголемија додека стоеја да позираат за фотографите. Поводот беше избувнувањето на Сепеда, додека тој и Варгас покажуваа мускулите кои ги врамија со нивните национални знамиња.

Ова предизвика размена на удари, бидејќи луѓето од штабот на двајцата боксери се приклучија на навалицата. Беше потребна брза интервенција на редарите за да се обидат да ги оладат страстите.

Тензијата меѓу Варгас и Сепеда е сериозна, бидејќи победата на овој меч е од големо значење. Таа ќе испрати еден од двајцата во меч против Шкотланѓанецот Џош Тејлор, кој е апсолутен светски шампион, држејќи ги појасите на ВБА, ВБО, ВБЦ и ИБФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON