Масовна тепачка и апсења на џудо турнир во Русија (ВИДЕО)

Турнир во џудо во рускиот град Каспијск заврши со масовна тепачка и апсења.

Како што јави ТАСС, инцидентот се случил на џудо шампионатот на Федералниот округ Северен Кавказ за спортисти на возраст под 23 години.

За време на дуелот за пласман во финалето во категоријата до 73 кг меѓу Дагестанецот и репрезентативецот на Северна Осетија Сармат Голоев започнува вербална пресметка помеѓу двата тима.

Сепак, тензијата брзо ескалира и се претвори во масовна тепачка, во која учествуваа скоро сите гледачи. Провокаторите на борбата биле уапсени и однесени во полиција на сослушување.

https://twitter.com/rentvchannel/status/1365748614082015246?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1365748614082015246%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fother%2Fturnir-zavrshi-s-masovo-mele-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON