Четири лица завршија во болница откако изби масовна тепачка на јуниорско бокс првенство во Англија.
На самото отварање на првенството изби масовна тепачка, па летаа маси и столици на сите страни, а на крајот четири лица се здобија со тешки повреди.
Реагираше полицијата и спречи поголема пресметка, а првенството веднаш беше прекинато.
„Нема да толерираме вакви инциденти и работиме на откривање на сторителите. Апелирам до сите кои го снимаа инцидентот, видеата да ги достават во полиција“, рече Пит Хил од полицијата во Ковентри.