Машкиот кумите тим се пласира во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска.
Така, кумите тимот ќе го брани златниот медал од минатата година во Лоѓ, Полска.
За Македонија, односно Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ настапуваат: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Димитар Илиевски и Глигор Хаџи Кимов.
„Во полуфинале победивме со поен разлика во последната борба. Тешко беше“, вели селекторот Бошко Заборски.
Утре и Петар Заборски се бори во финалето за златниот медал против Констатнтин Јаненко од Украина.
Македонските студенти освоија 4 медали – бронзи за Давид Петков и Петар Спасеновски во борби, а Петар Заборски и машкиот кумите тим ќе атакуваат на шампионските титули, односно златните медали.
Резултати:
Кумите тим мажи
Македонија – Украина 0-0
Македонија – Италија 0-0
Македонија – Украина (НУ „Јуриј Федикович Чернивци“) 3-2
Финале
Македонија – Украина (Државна академија за физичка култура Харкив)
Кумите тим жени
Македонија (Универзитет „Гоце Делчев“) – Турција 0-2