Машкиот кумите тим е балкански вицешампион. Македонија на Балканското карате првенство за сениори во Тирана, Албанија, го освои петтиот сребрен медал откако нашиот кумит етим во финалето загуби од Србија со 1-3.
Македонскиот машки кумите тим пртеходно изовјува против Босна и Херцеговина и Албанија.
Така, Македонија на Балканското првенство вкупно освои 10 медали – 1 златен, 5 сребрени и 4 бронзени. Златниот медал е во конкуренција на ветерани и го освои Христаки Давитковски. Сениорите освоија 9 одличја – 5 сребрени и 4 борнзени.
Сребрени медали освоија Емил Павлов, Берат Јакупи, Викторија Јовановска, машкиот кумите тим и машкиот ката тим, додека со бронзи се закитија Петар Заборски, Фахик Весели, Вероника Костовска и женскиот кумите тимот.
Резултати Балканско првенство:
Македонија – Босна и Херцеговина 15-10
Македонија – Албанија 3-1
Финале
Македонија – Србија 1-3
За македонскиот кумите тим настапија: Глигор Хаџи Кимов, Берат Јакупи, Мурсел Мисини, Емил Павлов, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски.