Со Масао Кагава правев интервју пред Олимписките игри во Токио 2021 (20), односно пред да бидат одберени уште неколку спортови на програмата. Тогаш ме убедуваше дека каратето сигурно ќе се најде на програмата на Олимписките игри во Токио, особено откако беше изберена новата градоначалничка. Ипон беше меѓу првите во светот што пласираше вест дека каратето ќе се најде на Олимпијадата.
Засега, тоа е прво и последно карате натпреварување на ОИ, бидејќи и во Лос Анџелес карате спортот не е вклучен во програмата.
По Олимпијадата не сртенав коментар од протагонистите во врска со каратеро на ОИ. Сега наидов на еден коментар од Масао Кагава, а ви го пренесуваме во целост.
„На Олимписките игри во Токио почувствував дека она што му го покажавме на светот, во оваа единствена прилика, не е најубавата слика на каратето. Сум видел добри спортисти, но во вистинска борба не се движиш така. Погледнете ги двата кендоки: не скокаат, стојат во природна положба и кога еден од нив ќе види отвор, го отсекува со удар. Ова е духот на вистинската борба. Начинот на движење што го видов, овие манифестации на радост или разочарување, нели? Тие се суштината на каратето на Окинава.
Видов вредни технички практичари, но катите треба да биде течни како вода. Ја менуваат формата и духот во зависност од условите на натпреварот. Сепак, колку тренери се мотивирани да спортуваат? Мал процент. Останатите вежбаат карате во неговата традиционална димензија.
Кога Јигоро Кано, креаторот на џудото, го запознал Гичин Фунакоши и го охрабрил да дојде во Токио, во тоа време имало и други каратисти кои биле повпечатливи и посилни. Но, Кано не им беше наклонет. Тој виде дека Гичин Фунакоши има достоинство и став што му изгледаше примерен. По Олимпијадата, ова е советот што и го дадов на Јапонската карате федерација: вратете се на духот на Фунакоши.
Умот/Душата (кокоро) мора да биде на прво место“, забележа Масао Кагава, 9 дан шотокан.