Марвин Ветори го совлада Карл Роберсон (ВИДЕО)

Марвин Ветори го совлада Карл Роберсон на УФЦ на ЕСПН 10 во Вегас.

Нивната борба беше во средната категорија. Имаше многу тензија меѓу нив, откако пред неколку недели пропадна нивната борба. На почетокот, двајцата не брзаа да напаѓаат и застанаа во центарот на кафезот.

Ветори го демнеше со лево кроше, а Роберсон ги чекаше неговите шанси. Ветори наметнува џебови, а Роберсон проба удар во глава, а потоа друг. Марвин ја заврши битката во стој и ги пренесе работите на партер. Двајцата почнуваат да се надмудруваат, а Ветори проба со гилотина, но Карл бега. Ветори се заканува со нова гилотина, но Карл се отпушта од мрежата и повторно избега.

Уште едно соборување од Марвин, кој го казнува противникот со граунд и паунд, но Карл добро се брани и не влегува со сериозни удари. На крајот на последната минута, Ветори ја доичека својата шанса и напрафи зафат за предавање, што го натера Роберсон да се предаде.

Ветори влезе во серија од три последователни победи и го предизвика Израел Адесања на реванш. Карл со поразот ја загуби низата од два последователни победи.

УФЦ на ЕСП 10 – Резултати
Синтија Калвило – Џесика Ај – едногласна одлука на судиите
Марвин Ветори – Карл Роберсон – Завршница (Р1 4:17)
Чарлс Роса – Кевин Агилар – поделена одлука на судиите
Андре Фили – Чарлс Џурдејн – поделена одлука на судиите
Јордан Еспиноса – Марк Де Ла Роса – едногласна одлука на судиите
Марија Агапова – Хана Циферс – Завршница (Р1 2: 4)

Мераб Давалишвили – Густаво Лопез – едногласна одлука на судиите
Хулија Авила – Џина Мазани – ТКО (Р1 0:22)
Тајсон Нам – Зарух Адашев – КО (Р1 0:32)
Кристијан Агилера – Ентони Ајви – ТКО (Р1 0:59)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО