Мартина Шахинова спортист на Кочани за 2019 и доминација на КК Партизан

Мартина Шахинова, членка на Карате клубот „Партизан“ вечерва официјално е избрана за спортист на Кочани за 2019 година.

Шахинова од 7 до 9 февруари настапува на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будимпешта, Унгарија, како и Ѓорги Петров.

Од друга страна, може да се каже дека нејзиниот матичен клуб Партизан е водечки спортски колектив во Кочани: Мартина Шахинова – најдобар спортист, Ѓорѓи Петров – втор, Роберто Здравковски шести; 

Филип Стојанов најдобар млад спортист за 2019 година, Благоја Стојаноски – осми;

Карате клубот Партизан – најдобра екипа и  Оливер Коцев – најдобар тренер за 2019 година.

На изборот што го организираше локалната самоуправа на Кочани, а во соработка со активот на новинарите од општината, Шахинова доби максимален број гласови. Наградите им ги врачи градоначалникот Николчо Илијев.

„Каратистите од Кочани и минатата година имаа најмногу успеси и одлични резултати во спортските случувања во општината и пошироко, така што логичен е изборот на Шахинова за најдобра. Иако сè уште млада, во спортската карирера таа има забележливи постигнувања, меѓу кои се минатогодишните осум први места на државни натпревари и на меѓународни турнири. Исто така, Карате федерацијата на Македонија ја прогласи за втора најуспешна јуниорка во државата за 2019 година“, истакна Голубина Георгиева од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

Најдобар спортски работник по предлог на активот на новинарите е избран Драганчо Димитровски, претседател на Судискиот актив при Општинскиот фудбалски сојуз од Кочани.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON