Мартин Стојменов по четврти пат го добие признанието за најдобара спортист на Кочани во 2015 година, кое му го врачи градоначалникот Ратко Димитровски.
Мартин Стојменов изјави дека резултатите се плод на упорната работа, а за претстојното Европско првенство во Лимасол, Кипар, рече: „Подготвен сум. Одам на медал“.
Стојменов (-60 кг) на Балканското првенство за јуниори до 21 година го освои сребрениот медал, а по сите анализи му беше украден златниот, исто така и екипно се закити со сребрениот медал.
Веднаш зад него се пласираа неговиот клупски колега Димитар Јакимов, потоа гимнастичарот Петар Каров, фудбалерката Анета Ѓоргиева и кошаркарот Иван Серафимов.
Карате клубот “Партизан“ чии членови во 2015 година освоија најмногу медали и признанија на домашните и меѓународните натпреварувања е најуспешната екипа, а тренерот на КГС “Кочани“, Николче Колев е избран за најдобар тренер.
Годинава, поради големиот број пријавени во категоријата млади надежни спортисти, беа избрани десеттемина најуспешни: Јана Николова (КГС „Кочани“), Верица Карова (Карате клуб „Кочани“), Ѓорѓи Петров (КК „Партизан“), Роберто Здравковски (КК „Партизан“), Антонио Јаношевиќ (КГС „Кочани“), Ристе Симеонов (КГС „Кочани“), Јован Манев (ФК „Кочани“), Кристијан Грозданов (КК „Партизан“), Мартина Шахинова (КК „Партизан“), Ѓорѓи Зашев (ФК „Фудбал старс“), Љубомир Давитков (КК „Кочани“) и Александар Ѕ’мбов од КК „Баскет Дино“.
Признанието најдобар спортски работник за 2015 година постхумно му припаѓа на д-р Блаже Ѓорѓиев, како поранешен член на КК “Партизан“. По повод 10-годишнината од формирањето и успешното работење на ЖФК “Кочани“ неговиорт претседател Љупчо Папазов му беше доделено посебно произнание за значајни постигања во спортот. На Киро Герасимов, пак, новинар од Македонската радиотелевизија, му беше врачено специјално признание за афирмација на постигнувањата на спортистите и клубовите од Кочани.
Ipon.mk/В.Д.