Македонскиот репрезентативец до 21 година, Мартин Стојменов од КК Партизан –Кочани, имаше импресивен настап на „Бушидо купот“ во Лесковац, Србија кој во категоријата до 60 кг ги освои првите места и во У-21 и во сениорска конкуренција во апсолутна категорија.
Во апсолутна категорија имало 20 натпреварувачи, кои биле и поголеми и постари од Мартин, а и се бореле многу валкано, односно грубо.
Со двата златни медали е прогласен за апсолутен победник на турнирот, на кој учествуваа 500 натпреварувачи од Србија, Македонија, Бугарија и Црна Гора.
И вториот член на Партизан, но во конкуренција на деца, балканскиот шампион, Ѓорги Петров, го освои првото место.
Вчера во Белград Роберто Здрваковски освои сребрен медал на „Белградски победник“ во конкуренција на деца до 14 години.
ipon.mk/В.Д.