Во првото коло на Европското првенство за кадети, што се одржува во Суботица, Србија, македонските борачи Мартин Стојанов и Ријад Реџепи беа поразени.
Мартин Стојанов од Балканец, кој е најмладиот учесник на ЕП, загуби во категоријата до 42 килограми од Полјакот, Кристијан Брзински. Полјакоот победи со 9-4 на поени. Македонскиот борач во финишот од средбата се обиде да направи пресврт, кога противникот беше во водство со 7-4, но неуспешно. Сепак, Мартин Стојанов и покрај поразот остави добар впечаток. Во оваа категорија, во финалето се пласираа претставниците на Турција и Грузија.
Во категоријата до 50 килограми, Реџепи загуби од претставикот на Франција, Марвин Језа со 6-2. Утре на програмата ќе се појави нашата најголема надеж, Елмадин Сејфулаху.
ipon.mk/К.М.