Мартин Несторовски специјален гостин и тренер на летниот камп во Бар (ФОТО)

 

Нашиот каратист Мартин Несторовски (Металург) и годинава е повикан од КК Бар и тренерот Алмир Цецуњанин да биде специјален гостин и тренер на летениот камп што го организира овој клуб.

„За мене ова претставува особена чест и задоволство што по втор пат сум повикан да бидам специјален гостин и тренер на овој летен камп во организација на КК Бар. Тука се присутни каратисти од најмала возраст до У-21 од Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Кампот е одлична можност за споделување на знаења и искуства и за нови пријателства“, вели Несторовски кој е носител на бронзени медали од Европското карате првенство и првите Европски игри во Баку, Азербејџан.

Тој истакнува дека се подготвува терен кадетско – јуниорската репрезентација на Црна Гора да дојде на подготовки во Скопје, но треба да се дефинираат некои работи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО