Уште двајца картисти ќе се борат за медали на Универзијадата во Загреб – Мартин Несторовски (+84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг) ќе се обидат да го освојат бронзениот медал.
Нестрорвски ќе се бори против студент од Шпанија, а Ќосовиќ со противник од Белорусија. Мартин во клучната борба загуби од претставник од Турција, Мехмед Узда, откако борбата заврши 0-0 ма изјаснување судиите победата му ја доделија на турскиот студент. Претходно Несторосвки ги совлада Вук Суковиќ од Црна Гора 3-0 и Недим Варупа од универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, со 4-3. Семир е поразен од претставник на Хрватска.
Да потсетиме Симона Заборска ќе се бори за златниот медал со Семеникова од Словачка, а Сара Радичевска за бронзениот, додека женската екипа во борби вчера го освои бронзениот медал.
На 3.Европски универзитетски игри – Универзијада во Загреб и Ријека учествуваат натпреварувачи од 41 држава. Вечерва во 21 часот е свеченото отворање на стадионот Максимир во Загреб, а Македонија ја претставуваат студентите од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
За Универзијадата нашите студенти и репрезентативци се подготвуваа во Сутоморе-Црна Гора, како дел од семинарот на Металург, Макпетрол и Кеикс во организација на ТА Скаут.
Ipon.mk/В. Д.