Македонската карате федерација синоќа ги прогласи најуспешните во каратето за 2015 година, а Мартин Несторовски е избран најуспешен сениор во минатата година со два бронзени медали од Европското првенство и Европските игри, додека Наташа Стефановска е најдобра кај сениорките, која освои бронзен медал во Карате 1 Премиер лигата во Салзбург.
„До ова признание и до овие два огромни резултати трето место и на Европското првенство и на Европските игри во Баку дојдов со макотрпна работа и истрајност. Секако, ова не би го постигнал без мојот тренер Мирце Јанушевски, колегите од КК Металург и колегите од репрезентацијата, како о селекторот Петар Белистојановски. Многу сум горд на оваа награда, заслужено ја добив. Воедно, ова ми е мотив за уште понапорна работа и за нови подобри резлултати. Можам да ветам дека ќе дадам максимум на претстојното ЕП во Монпелје -Франција и на СП во Австрија, каде што ќе се обидам да освојам медал и да донесам радост и да ја направам горда цела Македонија“, изјави за Ipon.mk најуспешниот каратист, Мартин Несторовски.
Најуспешни сениори: Мартин Несторовски, Емил Павлов и Фери Исиќ.
Најуспешни сениорки: Наташа Стефановска, Симона Заборска и Пуликсенија Јовановска.
Најуспешни јуниори до 21 година: Фери Исиќ, Азис Исмаил и Горан Николовски втори.
Најуспешни јуниорки 21: Бојана Манева,
Најуспешни јуниори: Петар Заборски
Најуспешни јуниорки : Маријана Димоска, Мишела Димоска и Киријана Камческа
Најуспешни кадети: Фаик Весели, Столе Смилковски и Филип Несторовски.
Најуспешни кадетки: Вероника Костовска,
Најуспешен тренер: Мирче Јанушевски, Сашко Арсовски и Бошко Заборски.
Најуспешен клуб: Металург, Штип и Макпетрол.
За жал, оваа убава манифестација најуспешната федерација ја направи без присуство на медиумите.
Ipon.mk/В.Д.