Мартин Баколе ги прозва Ентони Џошуа и Даниел Дубоа

Минатата година поранешниот двократен шампион Ентони Џошуа почна да го исполнува својот план, кој го постави по двата порази од Aлександaр Усик.

Тој ги победи Џермејн Френклин, потоа Роберт Хелениус и Ото Валин, а успешната серија ја заклучи во март кога го нокаутира Френсис Нгану во втората рунда.

Промоторот Еди Херн се надева дека Еј Џеј ќе може да се бори за светската титула на Вембли во септември, во мечот против Даниел Дубоа кој неодамна го победи Филип Хрговиќ и го освои привремениот појас на ИБФ.

Во едно неодамнешно интервју тешкашот од Конго, Мартин Баколе не ја криеше желбата да се бори со Џошуа или Дубоа и истакнува дека добро ги победил и двајцата во претходните спаринг мечеви.

„Кога имавме спаринг сесии знаев да ги уништам и двајцата. Тие го знаат тоа и затоа не сакаат да се борат со мене“, откри Мартин Баколе, го искажа своето мислење за можната пресметка меѓу Џошуа и Дубоа:

„Тоа би било добра борба во која и двајцата би имале еднакви шанси. Немаат вистински боксерски коефициент на интелигенција, но тие се силни и издржливи. Тие не се толку интелигентни како мене. Со среќа на двајцата. Но, јас би ги здробил и двајцата“.

Мартин Баколе се враќа во рингот на 3 август на настан во Лос Анџелес, а противник му е Џаред Андерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON