Мароканскиот Супер полицаец сака да му се одмазди на Верховен

Поранешниот марокански полицаец Хишам Малуи сака да му се одмазди на Рико Верховен за поразите што им ги нанесе на сите негови сонародници.

Затоа Супер полицаецот го предизвика холандскиот шампион во тешка категорија на Глори, користејќи ги социјалните мрежи за да ги замоли своите следбеници да вршат притисок врз него да го организира мечот. Во него, тврди Малуи, ќе се реваншира за сите порази на Мароканците и ќе ја одбрани националната чест.

„Притиснете ги! Ова не е шега! Овој меч против Рико Верховен ќе биде во чест на сите Мароканци. Ова веќе стана меѓународен проблем. Сите земји, од арапскиот свет и од Европа, го сакаат овој меч. Нема алтернатива!“, напиша Хишам Малуи

Верховен последен пат го победи Тарик Хбабес во финалето на тешакашкиот турнир на четиримината на Глори 77.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON