Македонскиот борец Марко Трајановски освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во ММА, кое се одржува во Белград, Србија, во организација на ММА сојузот на Србија и Светската ММА федерација – ИММАФ.
Нашиот натпреварувач во категоријата до 83,9 килограми во групата 13 на патот до првото место оствари четири победи.
Трајановски забележа победи против Георги Савов од Бугарија, Илин Давид од Романија, Доменико Вискуси од Италија и Тимур Руснак од Украина.
View this post on Instagram