Марко Хук на 19 ноември се враќа на рингот

marko-huk-drzi-pojas

Светскиот шампион во полутешка категорија на ИБО, Марко Хук, знае против кого ќе излезе на рингот.

Германскиот боксер ќе се соочи со опасниот Украинец Дмитро Кучер на 19 ноември во Хановер. Кучер е актуелен носител на европската титула во категоријата.

Марко Хук мораше да ги измери силите со Британецот Овил Мек Кензи на 24 септември, но само неколку дена пред средбата предизвикувачот се разболе и мораше да се повлече од борбата.

Минатиот август Марко Хук претрпе шокантен пораз со нокаут од Криштоф Гловацки, но успеа да застане на нозе, а во февруари го нокаутира Ола Афолаби во нивниот четврт дуел.

Марко Хук дефинитивно има причини да биде крајно мотивиран во овој момент, имајќи во предвид дека во полутешка категорија има некои одлични опции за големи натпревари со многу пари. Слични би биле средбите против боксери како Тони Белју и Олександар Усик.

Неговиот следен противник Дмитро Кучер ја освои европската титула во јуни, кога уште во првата рунда го нокаутира Енцо Макаринели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО