Вчера беше потврдено дека шампионот во тешка категорија на ИБО, Марко Хук, ќе ја брани титулата во Франкфурт, Германија, против поранешниот кандидат за светската титула, Овил Мек Кензи.
Хук последната борба ја имаше на 27 февруари, кога го нокаутираше поранешниот шампион во тешка категорија, Ола Афолаби. Тој пораз го принуди Ола да се откаже од боксот.
На Мек Кензи, пак, последната профи борба му беше на 2 октомври минатата година против тогашниот светски шампион на ИБФ, Виктор Рамирез.