Марк Лајхнер од „Каизен академија“ на 30 октомври во Прилеп ќе одржи ММА семинар.
Семинарот ќе биде поделен во два дела. Првиот дел ќе биде за борба во стоечка позиција -дистанца,удари,клинч,соборување, варијации од џудо за ММА, удари со колена. Вториот дел ќе биде ГНП -борба и удари во партер, контрола, различни позиции, напад и одбрани, завршници.
Марк Лајхнер е основач и главен инструктор на „Каизен академијата“ од Белград и е носител на црн појас во џудо, со олдично искуство и постигнати резултати. Тој е дел од националниот џудо тим на соседната земја.
Во ММА спортот дебитира 2005 година, при што има одлични резултати, а се повлекува непоразен во 2008 година, како најдобар српски борец до 84 кг. Неколку месеци поминува во Шведска каде што тренира и се усовршува кај Август Вален -голем стручњак за ММА. Лајхнер е носител на виолетов појас во бразилско џиу џица -има искуство и одлични резултати како натпреварувач во граплинг и борење слободен стил.
Тој е лиценциран инструктор за ММА, завршена академија за спортски тренер за џудо, има учествувано и тренирано на повеќе семинари со познати ММА борци и инструктори, организира и држи семинари за ММА.
„Значи станува збор за искусен тренер и инструктор кој дел од своите искуства и знаења ќе ги пренесе на учесниците на семинарот во Прилеп. Целта на овој семинар е токму тоа-едукација и надградба на стекнатите знаења на учесниците,тренерите и борците во ММА спортот. На средбата во Белград, неофицијално, е договорена и понатамошна соработка со Каизен академијата, што треба да се договори во Прилеп. Во план е наши членови од ЦБВ Максам да појдат на обука и тренинзи во Белград и таму да тренираат и да се усовршуваат. Семинарот е отворен за сите кои се занимаваат со ММА, рекреативно или професионално,тренери, инструктори и борци“, вели Пеце Ангелески од Максам фајт.
Ipon.mk