Марк Хант: Татко ми секој ден ја силуваше сестра ми, а мене ме тепаше врзан во гаражата!

Mark Hunt zamisljen

Марк Хант во текот на кариерата имаше големи предизвици, а најголемиот предизвик во животот го поминал во детството и ништо не може да се спореди со она што се случувало во тоа време.

Книгата за животот на Марк Хант наречена „Роден да се бори“ е приказна за тешко детство за време на кое татко му често го малтретирале ментално и физички.

„Татко ми беше немилосрден. Тој не тероризираше. Користеше ментални игри пред да не удри. Еднаш во гаражата ми ги врза рацете над главата и ме тепаше со рачка од метла. Избегав, но браќата дојдоа по мене и рекоа дека се вратам или сите ќе ги натепа“, раскажа една жална епизода од своето детство Марк Хант.

И сестра му на Марк, Виктори, не била поштедена, поминувала низ уште полоши работи. Татко ми ја силуваше од шестата година се додека не наполнила 18 години и си заминала од дома.

„Ова се случуваше речиси секој ден. Ако го одбиеше татко ми, потоа се изживуваше на браќата. Марк беше најмлад и го штитев, бидејќи немаше кој друг да гопрваи тоа. Мајка ми знаеше сè и дозволуваше да се случува тоа. Се случуваше и пред неа. Мормонската црква во која одеа нашите родители исто така знаеше сè, но ништо не презема“, рече сестра му Викторија Хант.

Конечно, некој во нејзиното училиште се пријавил во полицијата.

„Мама рече дека ќе ми купи велосипед ако го повлечам обвинението. Татко ми беше во притвор, но на крајот беше ослободен, бидејќи немало доволно докази. Кога беше пуштен се продолжи по старо. Рече дека ќе ме убие ако било што кажам“.

Марк Хант тешко се соочувал со ситуацијата во семејството, завршил во лошо друштво и станал ситен криминалец.

“Одењето на улица беше начин да побегнам од ситуација дома. Тоа никогаш не беше сигурно место за мене. Се чувствував побезбеден на улица. Бев ситен криминалец. Направив многу, многу лоши работи и го признавам тоа. Да можам на секого поединечно би се извинил. Се обидувавме да преживеме. Бевме како кучињата скитници. Никогаш не и кажав дека ги сакам и, всушност, тоа е тешко да се каже во моето семејство. Сестра ми беше силна. Жал ми е што никогаш не седнав со неа да разговарам за сè она што се случи“.

Животот на Марк Хант се промени кога ја запозна Џули Харен, која сега му е сопруга и мајка на четири деца. Инсистираше да оди на советување, што му го промени живот.

Братот, Џон Хант, во почетокот на оваа година се самоубил. На брат му Стив му е дијагностицирана шизофренија и живее со сестра Викторија и нејзиното семејство. Нивниот татко починал 2005 година од рак на панкреасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON