Марк Хант е во преговори за боксeрски меч во Австралија.
45-годишниот Самоанец последната борба во УФЦ ја одработи во декември 2018 година, кога загуби со едногласна одлука од Џастин Вилис.
Победникот на Гран-при на К-1 во 2001 година, тогаш јасно стави до знаење дека има намера да продолжи со борбите.
Австралиските медиуми објавија дека Суперсамоанец би можел во рингот да се најде со Пол Гален.
Гален (38) е поранешен играч на рагби. Помина 19 сезони во австралискиот НРЛ.
Во 2014 година го направи своето деби како професионален боксер и на 10 натпревари досега забележа 9 победи и нерешен исход во последниот настап минатиот ноември против дебитантот и уште еден рагбист Бери Хол.
Хант направи одработи два боксерски меча. Во првиот во 1998 година загуби на поени во 4 рунди, а втората борба во 2000 година заврши без победник.