Марк Хант одбива да се бори

mark-hant-so-krenati-race

Протестот на Марк Хант против УФЦ продолжува со полна интензитет, откако „Супер Самоан“ одби да се бори со поранешниот шампион во тешка категорија Жуниор дош Сантош на УФЦ 206.

Како што е познато, Хант с еуште е бесен на УФЦ поради случката на УФЦ 200, кога загуба од Брок Леснар. Потоа Леснар даде два позитивни допинг примероци, а Хант дури упати барање да го добие целиот хонорар на кечерот.

Од тој ден до денес, Марк Хант не престанува со вербални напади на адреса на компанијата, барајќи и далеку построги казни за борците, вмешани со употребата на забранети препарати.

А по се изгледа, тој одбива и да се бори, мислејќи на добиениот предлог да се сретне со Жуниор дош Сантош.

Треба да видиме дали ќе продолжи бојкотот на Хант и што всушност ќе се случува со него во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON