Марк Хант ги мрази измамниците, го нападна и Џон Џонс

Можеби нема ништо повеќе што го мрази предизвикувачот на УФЦ во тешка категорија Марк Хант од борците кои земаат лекови за подобрување на продуктивноста.

Во вторникот Хант испрати порака до шампионот на УФЦ во полутешка категорија Џон Џонс, откако беше јавено дека Џонс повторно е фатен за употреба на допинг средства.

„Даниел Кормиер треба да ги добие сите пари на Џонс, а ти си Кучка Џонс“, е дел од коментарот на Хант.

Хант е познат критичар на борците кои користат забранети супстанци уште од битката против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Брок Леснар. Во јули 2016 година Хант загуби од Леснар со судиска одлука, по што Леснар даде позитивен тест на забранети супстанци.

Ова е втор пат Џонс да падне на допинг тест кај Американската антидопинг агенција (УСАДА). Пред да се бори со Кормиер минатиот месец, Џонс беше суспендиран една година, откако падна на друг допинг тест спроведен од страна на УСАДА во јули 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON