Марк Хант како и обично планира да даде се од себе во наредната борба.
Легендарниот Самоанец на 20 март во Бризбејн се бори против поранешниот двократен шампион во тешка категорија на УФЦ, Френк Мир.
„Нема да живеам вечно. Ќе умрам како и секој друг. Но, да бидам искрен, не ми е грижа што ќе се случи со мене. Мислам, навистина не се грижам што ќе биде со Марк Хант. Мислам, сите ние сме предодредени да умреме, тоа е сигурно . Значи, така што ако умрам работејќи го она што го сакам, тоа е во ред. Така нека биде, јас сум среќен“, рече поранешниот победник на Гран прито на К-1 во интервју за Радио Сабмишн.
По два тешки порази со нокаут, од Фабрицио Вердум и Стипе Миочиќ, 41-годишниот Хант во реваншотво номеври за три и пол минути го Биг Фут. Во мечот со Мир предвидува уште еден нокаут.
„Мислам дека Френк Мир ќе се обиде да ме собори, а јас ќе го нокаутирам. Така што мислам, откако ќе сфати дека не може да ме собори, ќе биде нокаутиран, како и другите“.