Централниот регистер на Македонија на местото на досегашниот претседател Добре Маринковски го запиша Марјан Атанасов.Тоа значи дека одржаното вонредно, а потоа и редовно Собрание на Балканец биле легални.
Повеќе месеци БК Балканец имаше две паралелни раководства. „Вжештени“ односи. Сега клубот може нормално да работи. Во интерес на Балканец е така да биде, страстите да се смират, борачите да се вратат на душекот и, пак, штипскиот клуб да биде најтрофеен.
Да потсетиме на новото раководство на Балканец. Претседател е Марјан Атанасов, кој е запишан како овластено лице во Централниот регистер. Заменик претседател е Виктор Богданов, директор Методи Сичков,
шеф на Стручниот штаб Зоран Шоров, секретар Костадин Шоров.
Желба на сите искрени љубители на борењето е, Балканец да се врати на старите патеки, а тоа ќе биде добро и за македонското борење. Конечно, да претстанат и меѓусебните препукувања, се во интерес на спортот.
Го објавуваме и факсимилот од Решението на Централниот регистер на Македонија за промена на овластеното лице на Балканец.
Ipon.mk/К.М.