Идниот месец, на 27 јули, Марјан Ангелески има професионална ММА борба во Будва, Црна Гора, на Монтенегро фајнал чемпионшип (МФЦ) против…
Ангелески (1993 г.) е млад натпреварувач од Охрид кој настапува за ММА кик боксинг клубот Фајт клуб мастер од истоимениот град. Иако во детството почнал да тренира фудбал, сепак , дошла до израз неговата љубов кон боречките спортови. Така, почнува да се занимава со кик боксот и тоа многу успешно, бидејќи три пати е сениорски првак на Македонија. Со една победа и еден пораз го одбележува настапот за кик бокс репрезентацијата на Македонија на Кроација опен во Хрватска. Во кикбоксот имал 30 борби при што имал 28 победи и 2 порази. И овој предизвик му бил малку, затоа почнува да тренира ММА, а тоа веќе го прави околу година и шест-седум месеци.
Досега има две профисионални борби, при што забележал една победа и едедн пораз. Настапува во Европа ММА лигата, како дел од Тим Македонија, каде што минатата година во Загреб се борел против Матеј Шурин од Словенија и бил поразен. Сепак, првата борба му е во Велес и ја добива.
–Ми се допаѓаат мешаните боречки вештини и обожувам адреналин, – вака ја започува својата приказна Ангелески за тоа како почнал да се занимава со ММА.
Кој или што те заинтересира за ММА?
-Додека имав кик бокс настапи го следев УФЦ, па така си реков ајде да пробам и ММА, затоа што ми се допаѓа овој спорт. Почнав и ми тргна.
Кој те воведе во тајните на ММА?
-Тоа е Саша Поповски, таековндо мајстор. То ј ме праша дали сакам да пробам? Формираше ММА репрезентација, а по некое в реме добивме покана од ММА Европа лига. Како репрезентација имавме меч на турнир во Велес, минатата година, каде што имаше натпреварувачи од Турција, Хрватска, Словенија и Италија, нашиот тим заблежа две победи и еден пораз.
Која е целта на ММА Европа лига?
-Креирање на борци идни ѕзвезди во ММА од Европа.
-Имам меч на 27 јули во Будва, Црна Гора, на МФЦ настанот.
Против кого ќе се бориш?
-Против еден од најдобрите тешкаши во регионот, Радосав Јоксимовиќ од Србија. Борбата е во три рунди од по пет минути.
Што знаеш за него?
-Знам дека добро работи. Нема да е лесно, но ќе дадам се од себе да го победам.
А, што ќе му порачаш на Јоксимовиќ?
-Да се подготви добро, оти нема лесно да си помине.
Како се подготвуваш за овој меч?
-Се приближувам кон целта и гледам што подобро да се подготвам и физички и тактички.
Дали охриѓани сакаат ММА?
-Во Охрид нема многу активни спортисти во овој спорт. И брат ми Никола е дел од овој спорт, кој пред две недели имаше борба на настанот „Никшиќ фајтинг чемпионшип“, а со малку среќа можеше да победи. Но, не застануваме тука одиме понатаму и очекуваме поголеми борби.
Нашата цел е да го подигнеме ММА спортот на повисоко ниво во Охрид и Македонија и да стане поатрактивен.
-Да го освојам шампионскиот појас на „Фајт алијанс продакшн“ во Русија, која ја има и во Казакстан, каде што ќе учествува и Дејан Стефановски од Велес. Исто така и Стефановски, како и брат ми, настапи на „Никшиќ фајтинг чемпионшип“ и забележа победа против еден од најдобрите борци Александар Јанковиќ од Србија, а со тоа покажа дека во Македонија има добри ММА борци.
Што посебно те мотивира за оваа борба во Црна Гора?
-Оваа борба му ја посветувам на мојот починат татко, Милчо Ангелески, кој ми беше голема поддршка за да успеам во спортот. Тој ми беше најголемиот критичар, но и менаџер.
Покрај Ангелески, на настанот во Будва ќе учествува и Игор Петков (-73 кг), а на самиот турнир ќе учествуваат многу познати имиња како: Игор Покрајац-УФЦ шампион, Игор Покрајац, Ивица Терор Трушчак, Васо Бакочевиќ и други.
Промотор Монтенегро фајнал чемпионшип (МФЦ) е легендарниот ММА борец, Федор Емилијаненко.
Ipon.mk/В. Донев