Марио Тошески од Сеишин еден месец ќе тренира во Шведска (ФОТО)

Марио Тошески од Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп во преодниот период ќе го искористи со активни тренинзи во Шведска. Тошески таму е на покана на ЏК „Норкопинг“ од Норкопинг, Шведска, каде веќе две година тренира и живее членот на Сеишин, Давид Везенкоски.

„Задоволството од стручната подготовка на Везенкоски кој во шведското џудо стана носител на многубројни медали беше причина да се воспостави и соработката меѓу двата клуба. Поради далечината и можностите за патување, нашиот клуб беше во можност да испрати само еден натпреварувач (јуниорот Марио Тошески), кој еден месец активно ќе учествува во тренажниот процес на клубот домаќин. Можно е да се појави и на еден џудо турнир, доколку правилата го дозволуваат тоа. Сеишин планира да ја продолжи соработката со овој клуб со возвратна посета на џудисти од Шведска и нивна покана на Меѓународниот традиционален турнир „Прилеп град херој-2018“ во организација на нашиот клуб во октомври“, вели тренерот Дејан Мицкоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON