Марио Тошески бронзен на „Трофеј-Никшиќ“ (ФОТО)

mario-tosevski-na-piedestal-niksik-2016

Марио Тошески (-66 кг) од ЏК Сеишин освои бронзен медал во кадетска конкуренција на Меѓународниот турнир во џудо „Трофеј-Никшиќ“ во Црна Гора.

Вториот натпреварувач Кристијан Тошески (-66 кг, пионери) го освои 4-то место.

 На турнирот во Никшиќ учествуваа околу 26 клубови од 7 држави со околу 210 натпреварувачи.

seisin-niksik-2016

„Клубот е задоволен од остварените борби на двајцата натпреварувачи, предсе поради прикажаните борби во многу силна конкуренција. За Кристијан Тошески може само да се потенцира дека борбата за 3 место со домашен натпреварувач, водеше до пред самиот крај т.е. во завршните 18 секунди ја загуби. ЏК Сеишин продолжува со подготовките за Државното првенство за помлади пионери и млади сениори до 23 г. кое ќе се одржи во Прилеп на 23 октомври и Меѓународниот турнир во Скопје на 29 октомри“, велат од клубот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON