Македонската карате репрезентација освои еден златен и три бронзени медали првиот ден на Балканското карате првенство за деца во Белград-Србија.
Марија Милева (- 47 кг) до 14 години стана балкански шампион. Инаку таа е член на Олимпик спорт од Скопје. Сухејла Исаки (-37 кг) до 12 години освои бронзен медал, како и Кристијан Бајовски во кати за деца до 13 години поединечно и Марко Бунтески за деца до 14 години.
„За ова првенство се подготвував доста напорно и долготрајно со помош на мојот матичен клуб Олимпик. Голема заслуга имаа тренерите и колегите, затоа што ние функционираме како едно. Секојдневно имавме напорни тренинзи кои беа тешки за издржување, но, сепак, на крајот мојот труд се исплатеше и сум многу задоволна од резултатот. Пред првенството се чувствував макасимално подготвена и самоуверена дека ќе дадам се од себе. И покрај јаката конкуренција, извојував 4 победи без изгубени поени и мечеви, кои ме донесоа на првото место. Ги победив протиничките од Бугарија, Србија, Турција и Словенија“, изјави Милева за Ipon.mk.
Ipon.mk/В. Д.