Марија Димовска ќе се бори за златен медал на ЕП, бронза за Туркер Исмаил

Марија Димосвка ќе се бори за златен медал на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Турција, откако во полуфиналето славеше 3-0 против Еданур Аџар од Турција.

Во финалето Димовска ќе ги одмери силите со Соња Вуксиќ од Србија.

Туркер Исмаил се закити со бронзен медал на ЕП откако во полуфиналето загуби од Украинецот Никита Тертишњи 0-3..

Нелсон Узеир е поразен од Самоил Солера Молина од Шпанија 0-3.

Преостанува полуфиналната борба на Силвио Мировски со Урош Крстиќ Србија за второ македонско финале.

Резултати ЕП:

+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска –Еданур Аџар (Турција) 3-0
Финале
Марија Димовска – Соња Вуксиќ (Србија)

-57 кг лоу кик млади јуниори
Туркер Исмаил – Арапогијанис Панталејмон (Грција) 3-0
Полуфинале
Туркер Исмаил – Никита Тертишњи (Украина) 0-3

-84 кг кик лајт постари јуниори
Нелсон Узеир – Самоил Солера Молина (Шпанија) 0-3

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски –Урош Крстиќ (Србија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON