Марија Божиноска: Сребрениот медал за мене е светла иднина во кикбоксот!

marija-na-piedestal-ep-grcija-2016

„Сребрениот медал за мене значи светла иднина во кик боксот“, вели освојувачката на сребрениот медал и дебитант на Европското сениорско првенство во кик бокс во Лутраки, Грција, Марија Божиноска.

marija-bozinovska-vo-akcina-na-ep-2016

Таа во финалето во кик лајт до 70 килограми се сретна со полската репрезентативка Катарина Квичиен, при што беше поразена со 3-0.

„Самото учество на вакво првенство е успех, а да не зборувам за медалот, бидејќи, сепак, имам само 19 години и за мене ова е одличен старт во светот на сениорите“, истакнува Божиноска.

Дали дебитнаскиот настап на ЕП и можноста да се бори за златниот медал придонесе Марија да има трема во финалето или, пак, директниот пласман во полуфиналето?

„Трема кај мене никогаш не постои! Секогаш сум била таа која што го крши мразот, така и овој пат се чувствував слободно и сигурна во себе, меѓутоа тука играа доста фактори од среќа, искуство, години и така натаму“, категорична е Божиноска.

marija-bozinovska-so-urko-i-dragan

Марија вели дека потекнува од борбена фамилија, во секоја смисла и дека нејзиниот татко најпрво ја запознал што е тоа кик бокс, поради што се запишала во КБК Гладијатор-Скопје, каде што тренер е Драган Атанасовски – Броз.

„Од него секојдневно учам за овој спорт и имам уште многу да учам бидејќи е најкомпетентната личност во оваа област“, нагласува Божибокса.

Затоа кој е нејзиниот сон, таа вели:

„Додека сме кај тоа што е мојот сон, јас се уште сонувам, а кога ќе се разбудам ќе ви го кажам сонот (хахаха)“.

Марија не е единствениот спортист од семејството Божиноски во боречките спортови, нејзината сестра Магдалена тренира карате и настапува за КК Олимпик Спорт. Упатените го поставуваат прашањето која ќе биде поуспешна од сестрите Божиноски – Марија (кик бокс) или Магдалена (карате)?

„За сега, можам да кажам дека и двете ги претставуваме своите спортови, нашите клубови и нашата држава Македонија во најдобро светло. Но, за тоа кој би бил поуспешен, можам да кажам дека помалите секогаш треба да ги надминат резултатите на своите постари, па мислам дека за сега и давам добар пример на сестра ми Магдалена“, вели Марија.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON