И Марија Божиноска освои сребен медал на Европското првенство за јуниори и кадети во Сан Себастијан, Шпанија.
Божиноска (-70 кг -кик лајт) во финалето е поразена од Италијанката Марта Филипи со 2-1.
„Нијанси одлучија! Марија мораше да се задоволи со сребрениот медал“, коментираат од нашата репрезентација.
Во двете финалиња не успеавме да славиме, но билансот е многу добар, бидејќи нашите тројца репрезентативци се враќаат со медали дома, и тоа два сребрени и еден бронзен. Спрема двата бронзени од минатата година, овој успех е голем.
Денес и Бобан Илиоски (-71 кг – лоу кик) се заќити со сребрен медал, кој во финалето беше поразен од Русинот Тимур Азизов со 2-1, додека вчера Хадис Рамадани мораше да се задоволи со бронзениот медал.
ipon.mk/В.Д.