Во главната борба на настанот Белатор 287, кој се одржа во Алијанц Клауд Арената во Милано, Мансур Барнауи го победи Адам Пиколоти со завршница (гушење од позади) во втората рунда.
Барнауи по пауза од повеќе од три години се врати во октагонот и убедливо стигна до 20-та победа во кариерата (има и четири порази).
Тунижанецот доминираше во граплингот со Пиколоти во текот на целата борба и ја заврши работата во втората рунда. Барнауи го принуди американскиот борец да се предаде со гушење.
„Го направив токму она што го сакав и победив“, рече Мансур Барнауи и додаде:
„Дојдов во Белатор да се натпреварувам на турнирот и да го освојам појасот. Навистина сакав да дојдам на турнирот и да се борам со Усман Нурмагомедов или Патрики Питбул“.
Во конасловната борба Фабијан Едвардс го победи Чарли Вард со едногласна одлука на судиите.
Резултати од Белатор 287:
Мансур Барнауи – Адам Пиколоти – завршница (гушење од позади), Р2 (2:51)
Фабијан Едвардс – Чарли Вард – едногласна одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Тим Вајлд – Сол Роџерс – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Џастин Гонзалес – Ендрју Фишер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Воведни борби:
Даниеле Скатици – Дејви Галон – едногласна одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Костело ван Стенис – Камил Онишчук – завршница (брабо гушење), Р2 (3:02)
Алфи Дејвис – Тибо Гути – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Кјара Пенко – Мануела Марконето – поделена одлука (29-28, 28-29, 30-27)
Ив Ланду – Валтер Кољандро – едногласна одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Симон Бијонг – Драгош Зубчо – ТКО (удари), Р2 (3:36)
Николо Соли – Бурама Камара – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Лук Тренер – Лукас Алсина – завршница (гушење од позади), Р1 (1:54)
Стивен Хил – Андреа Фуси – едногласна одлука (30-27, 29-27, 30-26)
Сарваџон Хамидов – Хозе Марија Томе – ТКО (удари во тело), Р1 (1:01)
Едоардо Кајаца – Алекс Бертинаци – ТКО (удари), Р1 (4:09)
Лука Јовин – Перси Херера – завршница (гушење од позади), Р1 (3:40)
Ајуб Насер – Шериф Ба Папе – КО (удари), Р1 (0:12).