Арнолд Ален го победи Калвин Катар со прекин на УФЦ Вегас 63

Арнолд Ален (19-1) ја продолжи фантастичната серија. Англискиот борец го победи Калвин Катар (23-7) на УФЦ Вегас 63 и го најави искачување на врвот во перо категорија. Тоа беше 12-ти триумф во низа за Ален.

Двајцата влегоа претпазливо во мечот и бараа можност за напад. Во текот на првата рунда си разменија многу удари, а потоа во самата завршница се повреди Катар.

На почетокот се чинеше дека се е во ред со коленото на Калвин, но како што започна втората рунда Ален го погоди во ногата и мечот заврши.

Во конасловната борба Макс Грифин го победи Тим Менс со поделена одлука.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 213:

Арнолд Ален – Калвин Катар – ТКО (повреда на коленото), Р2 (0:08)
Макс Грифин – Тим Менс – поделена одлука (29–28, 28–29, 30–27)
Валдо Кортес-Акоста – Џаред Вандера–едногласна одлука (30–27,29–28,29–28)
Тресеан Гор – Џош Фремд – тех. завршница (гилотина), Р2 (0:49)
Калил Раунтри Јуниор – Дастин Џејкоби – поделена (29–28, 29–28, 28–29)

Воведни борби:
Роман Долиџе – Фил Хејс – КО (удари), Р1 (4:09)
Маркос Рожерио де Лима – Андреј Арловски – завр. (гушење од позади), Р1 (1:50)
Парк Јун-Јонг – Џозеф Холмс – завршница (гушење од позади), Р2 (3:04)
Стив Гарсија – Чејс Хупер – ТКО (удари), Р1 (1:32)
Коди Дурден – Карлос Мота – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Кристијан Родригез – Џошуа Вимс – завршница (давење анаконда), Р1 (4:07).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО