Светскиот првак во кик бокс, Ненад Манојловски, се палсира во полуфиналето на Европското првенство во кик бокс што се одржува во Грција и обезбеди најмалку бронзен медал. Така, Македонија на ЕП има обезбедено најмалку три бронзени медали.
Манојловски (-69 кг) во кик лајт во четвртфиналето го совлада со 3-0 Тиболт Лескан од Франција. За влез во гиналето ќе се бори со Украинецот Володимир Демчук кој го совлада Бугаринот Лубомир Бакалски.
Се очекува и настапот на Марија Божиновска во категоријата до 70 кг во оваа дисцплина против Илкај Менгуџ од Турција. Но и таа имаа обезбедено бронзен медал, бидејќи директно е полуфиналето и ако ја помине Турчинката во финалето ќе се бори со Катарина Квичиен од Полска.
Димитар Ѓоргиев (-74 кг) во четвртфиналето ќе се сретне со Унгарецот Петер Даниел Жарко.
Ipon.mk/В.Д.