Мани Пакијао ќе собира средства за Украина со егзибициски меч

Поранешниот светски првак во 8 различни категории – Мани Пакијао, на крајот на оваа година ќе учествува на показна средба со хуманитарна цел.

Филипинската легенда од неодамнешното минато ќе се соочи со познатиот јужнокорејски Јутјуб блогер DK Yoo, а средбата ќе се одржи во декември во Гојанг, Јужна Кореја. Собраните средства ќе бидат донирани за Украина.

Пакијао (43) се повлече од професионалниот бокс во 2021 година кога ја загуби последната борба против Јорденис Угас. „Пек-Мен“ изјави дека претстојната борба ќе му послужи како водич за евентуално враќање на големата сцена.

Кон крајот на минатата година, Ју се соочи со поранешниот борец на УФЦ Бредли Скот во боксерски меч, кој го загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON