Поранешниот светски боксерски шампион, Мани Пакијао, го коментира претстојниот меч против 32-годишниот Американец Тимоти Бредли. Тие ќе се сретнат по трети пат.
„Иако многу од навивачите нема да ми поверуваат, но изборот на Бредли за мој противник не е диктиран од финансиска гледна точка. Имаше многу други фактори кои не натераа да ја донесеме оваа одлука. Најважното беше дека двајцата сме одлични боксери и дека на публиката можеме да им понудиме одличен спектакл“.
Мечот меѓу Бредли и Пакијао ќе се одржи на 9 април во Лас Вегас, Невада, САД.