Во својата нова улога на филипински сенатор, Мани Пакијао, ќе се залага за воведување на смртна казна со бесење.
Се верува дека бесењето е „похумано“ не е само за осудените лица, туку и за медицинскиот персонал кој е принуден да им помога во извршувањето на смртната казна со инекција, покрај на личните убедувања и верата.
„За мене смртната казна треба да се врши со бесење. Во законот треба да се наведе дека на лекарите не им е дозволено да убиваат луѓе“, рече осумкратниот светски шампион на собраните новинари.
Тој исто така додаде дека смртната казна треба да се досудува за кривични дела како што се силување кое завршува со убиство, трговија со дрога, киднапирање и грабеж кој завршува во убиство.
37-годишниот боксерски великан по победата над Тимоти Бредли во април објави повлекување. Во последните неколку недели почна да се зборува за неговото враќање. Неговиот промотор Боб Арум веќе ја резервира Менделеј беј во Лас Вегас за 15 октомври Нема потврда дали Пакијао навистина ќе се врати оваа година.