Мани Пакијао се повлекува од боксот за да стане сенатор!

Mani senator

Филипинската професионален боксер Мани Пакијао, светски шампион во осум различни категории, изјави дека размислува да се повлече од спортот по уште еден натпревар во текот на следната година.

Пакијао (36) последен пат се појави рингот во мај, кога загуби од Флојд Мејведер во „борбата на векот”. Филипинецот, кој се подложи на операција на десното рамо по мечот, смета дека повеќе нема потреба да се докажува во боксот.

„Мислам дека сум подготвен да се повлечам. Во боксот сум повеќе од 20 години“, коментира тој.

Последната средба на Пакијао, најверојатно, нема да биде реванш против Мејведер, кој  по победата над Андре Берто в о септември објави дека се повлекува, при што ја забележа 49-та победа во 49 натпревари како професионалец.

„Се уште не можам да кажам дали ќе има реванш или не. Зависи, зависи“, изјави Пакијао.

Менаџерот на Филипинецот, Боб Арум, неодамна објави дека Пакијао најверојатно повторно ќе боксира во февруари, а како евентуални ривали ги наведе Амир Хан или Теренс Крафорд.

Пакијао, кој има 57 победи, 6 порази и 2 нерешени борби како професионалец, има намера да се концентрира на политичка кариера. Тој веќе е член на Долниот дом на претставниците на филипинскиот Конгрес, а во следната година планира да се кандидира и за сенаторско место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON