Токму, кога се чинеше дека сите надежи за евентуален реванш меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао се безнадежни, самиот Пакијао фрли бомба, велејќи дека води преговори со Мејведер, јавува АФП.
Пакијао изјави дека сака уште еден меч пред да закачи ракавиците и во целост да се посвети на политичка кариера во Филипините во почетокот на следната година, што го прави малку веројатен евентуалниот реванш меч со Мејведер. Пакијао за АФП изјави дека реваншот не само што е можно да се случи, туку потврди дека се водат и преговори со Мејведер и уште еден боксер.