Легендата Мани Пакијао го носи својот талент во Јапонија.
44-годишната боксерска легенда во саботата објави дека склучил договор со Ризин за да се натпреварува за промоцијата во 2023 година. Мани ќе се бори против противник кој допрва треба да се одреди. Познато е дека за противник ќе биде Јапонец избран од Ризин.
Пакијао се појави во рингот за време на борбената карта на Ризин 40 каде што им се обрати на публиката во Саитама Супер Арената.
„Пред неколку месеци бев тука како гостин и денес имам многу возбудлива најава. Се согласив да потпишам со Ризин.
Ќе се борам следната година. Наскоро ќе биде објавен датумот, како и мојот противник кој ќе го избере Ризин.
Отворен сум и возбуден да се борам со кој било јапонски борец“, им рече Пакијао на фановите.
Пакијао не е единствениот боксер што работи со Ризин. Во последниве години, Флојд Мејведер се здружи со промоцијата за неколку различни егзибициски борби кои привлекоа големо внимание.
Останува да видиме кој ќе биде противникот на Пакијао во Ризин.
…
The Pac-Man, @MannyPacquiao himself will fight in the RIZIN ring in 2023 against a Japanese fighter !
[ #RIZIN40 | @FiteTV PPV link in bio ] pic.twitter.com/iLPMIK9wRj
— RIZIN FF English (@rizin_English) December 31, 2022
View this post on Instagram