Мани Пакијао потпиша договор со Парадигм спорт менаџмент, истата компанија која се грижи за кариерите на ММА борците Конор Мек Грегор и Крис Киборг.
41-годишниот Пакијао (62-7-2) моментно ја држи титулата на ВБА во полусредна категорија по победата над Кит Турман во јуни. Пакијао, кој е и сенатор на Филипините, се шпекулира дека ќњ има борба против Мек Грегор.
„Горд сум што соработувам со Парадигм спортс менаџмент и јас сум возбуден за новите можности што ќе ми ги понудат Оди Атар и ПСМ“, рече Пакијао. „Сакам сите да се сеќаваат на една работа и да мислат позитивно. Никогаш немојте да размислувајте негативно – тоа е почетокот на вашиот пад. Сè е возможно“.
Покрај Мек Грегор и Киборг, Парадигм се грижи и за кариерите на Израел Адесања и Леон Едвардс.