Очигледно дека Ризин не престанува да флертува со најдобрите во боксери, бидејќи долгогодишниот опонент на Флојд Мејведер, Мани Пајкијао, потпиша договор со оваа организација и ќе учествува на Ризин 15.
Во декември минатата година од РИЗИН го убедија легендарниот Флојд Мејведер да се бори за нив во Токио, каде што славеше против непоразената јапонска кик бокс ѕвезда Теншин Насукава за помалку од 3 минути. Ризин му и исплати девет милиони долари.
Нобујуки Сакакибара, претседателот на Ризин, изјави дека Мани ќе учествува, но сè уште не е познато против кого ќе се бори и во која улога.:
„Сега сум на Филипините. На Ризин 15 ќе земе учество Мани Пакијао. Подготвени сме да објавиме сè кога ќе се вратиме во Јапонија“.
現在、実はフィリピンに来ています。メイウェザーに続き、 RIZIN.15ではこの男と新たな仕掛けを行います。帰国したらすぐに発表しますので、楽しみにしていてください!#rizin15 #MannyPacquiao pic.twitter.com/e2tNtjbuLw
— 榊󠄀原信行 Nobuyuki Sakakibara (@nobu_sakakibara) April 7, 2019
Мани Пакијао ќе се вклучи на настанот, кој ќе се одржи подоцна овој месец, но е малку веројатно да се бори. Ќе чекаме со интерес да дознаеме каква ќе биде неговата улога.