Изгледа дека Мани Пакијао не сака да чека предолго, а по веста дека договорил боксерски меч против познатиот мај тај борец и кикбоксер Буакав Банчамек, потврди дека го чека реванш со Флојд Мејведер!
Филипинската боксерска легенда ја објави веста за време на настанот на Ризин во Саитама супер арената.
Пакијао пред една година објави дека потпишал договор со Ризин за егзибициски боксерски меч како дел од јапонската ММА промоција.
Борбата не се одржа во 2023 година, но поранешниот светски шампион во бокс вети дека ќе го поправи тоа во новата година.
„Се надевам дека ќе се видиме овде во 2024 година кога ќе се борам со Флојд Мејведер“!, рече Мани Пакијао во рингот.
Флојд Мејведер и Мани Пакијао се бореа на почетокот на мај 2015 година во Лас Вегас, а поуспешен беше американскиот борец кој победи со едногласна одлука на судиите.
Пекмен последен пат се бореше во полусредна категорија во август 2021 година кога загуби од Јорденис Угас.
CEO Sakakibara: "Could you please fight against Floyd Mayweather?"
Manny Pacquiao: "I'm ready."
📡 Watch on @FITEtv !🔻https://t.co/eEpfmslhPp pic.twitter.com/gwod6x8wKm
— RIZIN.tv (@RIZINTV_) December 31, 2023