Филипинската боксерска легенда Мани Пакијао ќе ја брани титулата во верзијата на ВБО во полусредна категорија на 2 јули против Австралиецот Џеф Хорн во Бризбејн.
Пакијао сакаше да боксира со Амир Кан на 23 април во Обединетите Арапски Емирати, но тој меч нема да се одржи. Досега Пакијао има 59 победи на професионалниот ринг, од кои 38 со нокаут,а има и 6 порази и два меча завршиле нерешено. Австралиецот Џеф Хорн забележал 16 победи, од кои 11 со нокаут, а исто така има и еден пораз.
„Нема да боксира со Амир Кан, бидејќи во исто време е светиот исламски месец Рамазан, па решевие да закажеме друга борб. Веќе потпишавме договор и сме возбудени од мечот што ни претстои. И јас и Мани сакавме да се сретнеме со Амир Кан, но очигледно дека тоа нема да е сега. На маса ни дојде друга опција и решивме да ја искористиме“, рече советникот на Мани Пакијао- канадскиот менаџер Мајкл Конче за Њус корпорејшн.
За 38-годишниот Пакијао излегувањето на рингот против Хорн е прво по победата над Американецот Џеси Варгас во Лас Вегас во ноември минатата година. Одлуката да се организира средбат со Амир Кан беше донесена од страна на навивачите на Филипинецот. Пакијао, кој е и сенатор во Парламентот на Филипините, пушти анкета до навивачите на Твитер и тие со 48 проценти ја избраа средбата со Амир Кан. Од друга страна, и финансискиот план за таа борба не беше материјализиран. Тимовите на двајцата боксери требаше да соберат награден фонд од 38 милиони долари, но не го направија тоа.