Мани Пакијао ќе се бори кик бокс легендата Буакав Банчамек

Мани Пакијао можеби е разочаран откако беше одбиен од Меѓународниот олимписки комитет за игрите во Париз, но тој треба да се врати на боксерската сцена, иако во егзибициски меч со кик бокс легендата Буакав Банчамек, дознава Јапонија тајмс.

45-годишниот Филипинец ќе се пресмета со 41-годишниот Тајланѓанец на 20 април во Бангкок.

Буакав зад себе има 280 професионални натпревари, од кои 241 победа, 24 порази, 14 нерешени и 1 „без одлука“.

Борбата ќе биде според правилата на професионалниот бокс, па некои од основните вештини на Банчамек со стапалата и лактите нема да бидат од никаква корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON